Магазин 04. февруари 2019. / 21:04

Скопјанка повика да се иселат провинцијалците – за почист воздух!

Скопјанка повика да се иселат провинцијалците – за почист воздух!

Чистење на населелението од Скопје, за да се исчисти воздухот – со ваков необичен еколошки метод излезе скопјанката Катерина Груевска на нејзиниот Фејсбук профил.

-Сакам сите што не се родени во Скопје и околината да си одат во своите градови и да го ослободат Скопје од градскиот метеж и јас сум сигурна дека дури тогаш воздухот во мојот роден град ќе се исчисти и нема повеќе да биде најзагаде град во светот, ова не го пишувам со лоша намера туку само затоа што сакам да се исчисти возудхот во Скопје и ние што сме од Скопје полесно да дишиме почист воздух кога ќе излеземе од своите домови!!! – порача скопјанката.