По трагичната случка со младиот аргентиски фудбалер Емилијано Сала, клубовите Нант и Кардиф се скараа за неговите пари.
Откако Сала исчезна распределбата на парите стана најголем проблем. Напаѓачот направи трансфер од францускиот Нант во англискиот Кардиф, но авионот, со кој Аргентинецот полета накај Велс исчезна додека леташе над „Ла Манш”.
Потрагата двапати беше прекинувана, а фудбалерот и остатоците од авионот не беа пронајдени. Додека фамилијата на фудбалерот со помош на спонзори ја продолжија потрагата, Нант, Кардиф и агентите на фудбалерот се фатија за гуша.
Ситуацијата е многу сложена од финансиска гледна точка. Премиерлигашот не сака да ги плати 15-те милиони фунти па дури се закани дека ќе ја тера правдата на суд поточно ќе ги тужи агентите на Сала. Според управата на Кардиф, агентите не му обезбедиле редовен лет на својот клиент, туку го качиле во авион со пилот, кој немал лиценца за комерцијални летови.
Нант има документ кој потврдува дека играчот не е нивна сопственост и му припаѓа на Кардиф и Французите си бараат пари за реализираниот трансфер. Од друга страна, за трансфер на играчи во клубови од различни земји бара посебен сертификат за трансфер (ИТЦ) што велшкиот клуб го нема добиено. Токму поради тоа адвокатите на Кардиф сакаат да го оспорат плаќањето на износот на трансферот. Од друга страна, по потпишувањето на договорот, Сала веќе не е во сопственост на Нант, а Французите имаат право да си бараат пари. Значи вртење во круг.
Не е јасно како ќе заврши овој случај, но јасно е дека долготрајната постапка ќе продолжи. А исходот најверојатно ќе ги натера луѓето од ФИФА на промена на правилата во фудбалот во делот за трансфери – токму во ваквите случаеви.