Магазин 20. април 2019. / 23:02

„Скај спорт“: Роналдо останува во Јувентус и следната сезона

Триесет и четири годишниот португалски репрезентативец има важечки договор со „бјанко-нерите“ до 30 јуни 2022 година.

Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус следната сезона, објави новинарот на „Скај спорт“ Фабрицио Романо.

Триесет и четири годишниот португалски репрезентативец има важечки договор со „бјанко-нерите“ до 30 јуни 2022 година.

Јас сигурно ќе останам во Јувентус следната сезона. Сигурно, 1.000 проценти – го цитира Роналдо, новинарот Романо.

Роналдо се пресели во Јувентус летото 2018 година од Реал Мадрид. За негова жал не успеа да ја исполни амбицијата во првата негова сезона во Торино, а тоа е да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус.