Магазин 14. март 2020. / 14:27

Сите филмови на Милчо Манчевски на МРТВ како олеснување на мерките за седење дома

Сите филмови на Милчо Манчевски на МРТВ како олеснување на мерките за седење дома

Сите филмови македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе се прикажуваат на Македонската радио телевизија (МРТ).

Манчевски преку „Фејсбук“ го најави својот придонес и поддршка на вонредните мерки против ширењето на корона вирусот.

И дома е убаво со Пред дождот. Утре во 22ч. Пред дождот на МРТВ. Сите филмови на Манчевски на МРТВ како поддршка на вонредните мерки.
В недела Мајки.
Наредниот викенд Сенки и Бикини Мун.
#Седидома со Милчо – порача режисерот.