Магазин 05. февруари 2021. / 22:47

Сите 507 учесници на Австралија Oпен се негативни

Сите 507 учесници на Австралија Oпен се негативни

Добри вести пристигнуваат од Австралија пред првиот овосезонски Грен Слем Турнир – Австралија Опен.

Сите 507 тенисери кои престојувале во хотелот во Мелбурн каде што се појави човек со позитивен тест се негативни на Ковид-19 и така им е одобрено учество на ттурнирот.

-Сите кои се тестираа се негативни, изјави директорот на турнирот Крег Тилеј.

Австралија Опен и официјално започнува во понеделник, а на трибините е дозволено да има навивачи со 50% од вкупниот капацитет.