Кирил Тренкоски, синот на актерката Весна Петрушевска, за две недели заминува во САД кај својот татко Јанко Тренкоски.
Седумнаесетгодишниот Кирил ќе ја изучи четврта година од гимназија во Хјустон, а потоа таму ќе продолжи со студии.
Бескрајно среќни и задоволни со Kiril Trenkoski. Насмевката е богатство особено кога имаш најдобар доктор на свет. Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон (кај татко му)за да заврши гимназија и факултет.Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот .Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте,срце ми се кине. Убав на мајк. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика „Мамо мислев умрел некој, ме исплаши – напиша Петрушевска на својот профил на Фејсбук.