Магазин 30. декември 2020. / 16:16

Синот на кошаркарската легенда Петар Наумоски ќе игра за МЗТ Скопје

Синот на кошаркарската легенда Петар Наумоски ќе игра за МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ Скопје е на прагот да обезбеди големо засилување, затоа што е во финална фаза на преговори со Михаил Наумоски, синот на македонската кошаркарска легенда Петар Наумоски.

Кошаркарот кој е роден во 2003 година и има настапи за младинските селекции на Македонија е премногу блиску до преселба во Аеродром. Така, МЗТ Скопје ќе добие нов кошаркарски „бисер“ во своите редови, а Михаил Наумоски ќе игра за вториот тим за да стекне поголемо прволигашко искуство.

naumoski1.jpg

Наумоски, кој игра на позицијата крилен центар и центар и е висок 202 сантиметри, доаѓа од редовите на српска Црвена Звезда каде беше во изминатата сезона, а во кариерата настапуваше и за турски Галатасарај и македонски Вардар.

Тимот на МЗТ Скопје Уни Банка важи за млад ростер во кој доаѓаат најдобрите млади имиња од Македонија. Тимот предводен од Борче Даскаловски пред крајот на 2020 година дојде до првата прволигашка победа, совладувајќи го тимот на Академија ФМП.