Магазин 12. ноември 2020. / 12:23

Синоптичарите најавуваат заладување и врнежи од дожд

Синоптичарите најавуваат заладување и врнежи од дожд
фото: Каја Тасевска

Зголемена облачност со услови за слаб локален дожд најавуваат за утре синоптичарите. По контлините ќе има магла и ниска облачност.

Температурите ќе бидат околу нулата, освен во Берово каде се очекува утринската температура да се спушти до минус два степена. Дневните температури ќе бидат максимум до 18-тиот степен.

Во сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе услови и пониски утрински температури.