Од синоќа силната бура АНДРЕА прави хаос во регионот, најкритично е во Босна и Херцеговина каде на многу места се регистрирани поплави а водета полека навлегува и во домовите, синоќа исто така страшно беше и во Загреб каде беснееше оркански ветер и направи многу штети а според последните информаии има и повредени граѓани.
Бурата понатаму ќе добива на интензитт па така се очекува во регионот ветерот да биде уште посилен и локално во текот на претстојната ноќ ќе достигнува брзина дури од 150 до 200 км/час а исто така и обилните дождови ќе продолжат со што и понатаму се очекуваат нови поплави а се очекува локално да наврнат и нови над 100 л/м2 воден талог, понекаде и до околу 150 литри. Се препорачува во ваква ситуација граѓаните да не излегуваат од своите домови и да се заштитат. Поради падот на температурите се очекува и снег на повисоките места како и нова снежна покривка.
И кај нас врнежите значително ќе се интензивираат понатаму и ќе се прошират насекаде па така локално ќе наврнат нови над 50 л/м2 воден талог со што и во Македонија има услови за локални поплавувања и за зголемување на нивоата на реките и езерата, можно е и нивно локално излевање.
Граѓаните се предупредуваат во случај на невреме и на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите своите стада овци со цел да ги заштитат треба да ги делат во помали групи.
Подготви: Славчо Попоски