Магазин 13. јануари 2021. / 12:35

Шведска без девет првотимци против нашите ракометари, Македонија атакува на првата победа!

Шведска без девет првотимци против нашите ракометари, Македонија атакува на првата победа!

Македонската машка ракометна репрезентација во последен момент доби шанса да настапи на Светското првенство во Египет, откако Чешка го откажа учеството, и прв противник утре од 20.30 часот ќе ни биде Шведска.

Шведска е фаворит во групата во која се и Египет и Чиле кои играат меѓу себе денеска на отворањето од 18 часот, но Швеѓаните нема да сметаат дури на деветмина стандардни репрезентативци, а имаат и селектор дебитант.

Швеѓаните на мегдан со нашите ракометари ќе се појават без Никлас Егберг, Јаспен Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон, Лукас Нилсон, сите тие се загрижени за своето здравје и не сакаа да одат во Египет, а ќе ги нема и повредениот голман Мајкл Апелгрен и заразените од корона-вирус Јагергрен и Линдског.

Од оние најискусните, против Македонија ќе се појават Џим Готфридсон и Хампус Ване. Имаат десетмина играчи кои првпат ќе играат на СП и тука е шансата на Македонија да се обиде да триумфира и во втората фаза да влезе со пренесена убава бодовна залиха.

Сето ова ни дава надеж дека Црвено-жолтите може да приредат изненадување, иако и нашиот селектор Данило Брестовац изостави некои од стандардните репрезентативци.