Магазин 02. декември 2019. / 20:45

Роџер Федерер стана првиот жив човек чиј лик ќе се најде на швајцарска монета

Роџер Федерер стана првиот жив човек чиј лик ќе се најде на швајцарска монета

Швајцарија од почетокот на идната година ќе започне со производство на монети со ликот на славниот тенисер од земјата Роџер Федерер.

Ликот на рекордерот по бројот на гренд слем титули (20) ќе биде на кованата пара од 20 франка, одлучи Владата на Швајцарија.

Ова е за прв пат во оваа земја на монета да се најде личност која е жива, а планот е на парата од 50 франци исто така да биде Федерер во друг дизајн од мај 2020 година.

Во поза на прочуениот еднорачен бекхенд

– Федерер е веројатно најуспешниот индивидуален спортист во Швајцарија и совршен претставник на нашата земја, се наведува во објаснувањето од Владата на Швајцарија.

На „главата“ на монетата ќе биде претставена слика од Федерер со прочуениот еднорачен бекхенд.

Планот на тамошната Влада е од јануари да пушти во промет ограничен број од 95 илјади парички со ликот на Федерер.