Унгарските медиуми денеска ја анализираат играта на Веспрем на вчерашното финале со Вардар и поразот во новиот обид на унгарскиот првак да дојде до европскиот ракометен трон. Еден од луѓето кои со Вардар во 2017 година го освои Келн, голманот Арпад Штербик, за унгарските медиуми изјави дека некои играчи во Веспрем не сфатиле дека ова е шанса која не се добива двапати.
Во финале се игра како тоа да ви е последен меч. Само така можете да победите. Некои играчи кај нас не сфатија дека оваа шанса можеби никогаш повеќе нема да ја добијат, изјави искусниот чивар на мрежата на европскиот вицешампион.
И тој и тренерот Дејвис завршија со констатацијата дека „Вардар повеќе ја сакаше победата“.