Раководството на Ла лига и Кралската фудбалска федерација на Шпанија објавија дека сите натпревари на професионално ниво се одлагаат на неодредено време. Така, целиот професионален фудбал во Шпанија се става во принудно мирување до наредната одлука.
По избивањето на светската пандемија од корона вирусот, беа откажани само две кола од Ла лига и сите натпревари од пониските лиги на шпанскиот професионален фудбал. Но, одлуката за одложување на неодредено време уследи откако стана јасно дека ситуацијата со пандемијата нема да се подобри во наредните недели.
Шпанија моментно е на четвртото место во светот според бројот на заразени и на трето според бројот на починати од корона вирусот.