Магазин 27. март 2020. / 14:00

Шокантно видео открива големо оштетување на белите дробови кај пациенти со Ковид-19

Шокантно видео открива големо оштетување на белите дробови кај пациенти со Ковид-19

Лекарите од универзитетот Џорџ Вашингтон ги визуелизираа белите дробови на пациент со Ковид-19 пренесен во нивната болница со помош на технологија за виртуелна реалност од 360 степени.

Само неколку дена пред да се направат снимките, пациентот, човек во педесеттите години, немал никакви симптоми.

Но, кога д-р Кит Мортман, шеф на торакална хирургија во болницата, се погрижил за него, болеста се развивала во неговите бели дробови, јасно видлива на сликите како заматени флеки во зелена боја, на оштетено ткиво.

Човекот бил дијагностициран со Ковид-19 и бил во изолација во друга болница, каде што немал ништо повеќе од симптоми на настинка, како треска, кашлица и останување без здив.

Но, за неколку дена, неговата состојба почна да се влошува.