Магазин 25. февруари 2021. / 11:12

Шок за голманот на Ливерпул: Таткото на Алисон Бекер се удавил пливајќи во езеро

Шок за голманот на Ливерпул: Таткото на Алисон Бекер се удавил пливајќи во езеро

Таткото на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се удавил во езеро во Бразил во близина на неговата викендичка.

Веста за трагичната смрт на 57 годишниот, Жозе Бекер ја потврдија и од бразилската полиција од каде открија дека немилиот настан се случил вчера попладне.

Жозе редовно ја користел браната на езерото за релаксација, а вчера за жал неговиот одмор во родниот Бразил завршил трагично. Пријател и вработен на имотот на Бекер го пронашле телото на починатиот Жозе Бекер неколку часа по известувањето дека него го нема.

Поранешните клубови на Алисон, Интернационал и Флуминензе испратија пораки за сочувство и поддршка до голманот на Ливерпул кој веројатно ќе добие ослободување од клубот и повторно нема да брани на некои натпревари.