Магазин 03. март 2021. / 23:13

Шкупи со рекорд за историја: Постигнаа 37 голови на натпревар против Кратово

Шкупи со рекорд за историја: Постигнаа 37 голови на натпревар против Кратово

Срушен рекордот на екипата на Гемиџии.

Актуелниот шампион Шкупи денеска испиша историја забележувајќи го највисокиот триумф во македонскиот клупски футсал со првенствената победа од 37:0 над екипата на Кратово.

Најефикасен на мечот беше поранешниот македонски репрезентативец Зоран Левески со 15 голови.

Претходно, највисоката победа во македонското првенство во футсал беше во сопственост на екипата на Гемиџии, која во сезоната 2010/11 го совлада тимот на Илинден со 34:3.