Магазин 15. јуни 2020. / 12:11

„Ширење на вирусот на љубовта и смртта“: Предавање и разговор со Џули Реше на КРИК 05

„Ширење на вирусот на љубовта и смртта“: Предавање и разговор со Џули Реше на КРИК 05

Програмата на годинашното издаие на КРИК – фестивал за критичка култура продолжува утре (вторник, 16 јули) со предавањето на Џули Реше професорка по филозофија и директорка на Институтот за психоанализа на Глобалниот центар за напредни студии. Во предавањето насловено  „Ширење на вирусот на љубовта и смртта“ ќе стане збор за колективната љубов и солидарноста кои најчесто се поврзуваат со живото-одржливото чувство на среќа, радост и исполнетост. Што ако таквото поврзување, е илузија која всушност им се заканува на колективната љубов и солидарност. Љубовта не ве прави среќни, таа бара вистинска грижа, напор, саможртва и способност да се споделат болката и страдањето на другите. Ве боли и уништува, ве приближува до смртта, наместо да ве прави поживи.

Предавањето ќе се одржи онлајн на Фејсбук страницата на КРИК  https://www.facebook.com/KRIKfestival/ со почеток во 20 часот и ќе биде проследено со разговор кој ќе го модерира Артан Садику.

Џули Реше е професорка по филозофија и директорка на Институтот за психоанализа на Глобалниот центар за напредни студии, каде држи онлајн семинари на теми како што се филозофија и психоанализа. Завршила психологија на Универзитетот во Оксфорд и докторирала на Институтот за филозофија на Словенечката академија на науките и уметностите, која е водечки центар за проучување на филозофски ориентирана психоанализа. Студирала под менторство на Аленка Жупанчиќ, клучен теоретичар на модерната психоанализа, која самата била под менторство на Ален Бадју и Славој Жижек. Реше е авторка на 2 книги и на над 100 академски и популарни текстови. Нејзината неодамнешна книга „Вовед во филозофијата: Пластичноста на секојдневниот живот“ беше бестселер во Русија и долго време на списокот на наградата „Александар Пјатигорски“.