Магазин 25. јуни 2020. / 16:07

Шилегов предизвика паника и неизвесност во „Бекстејџ“ и во ЛДП

Шилегов предизвика паника и неизвесност во „Бекстејџ“ и во ЛДП

Минатата недела градоначелникот на Скопје, Петере Шилегов објави дека е позитивен на корона вирусот и се повлече во 14 дневна изолација. Поради тоа, сите што биле со контакт со Шилегов беа доведени во опасност да им ја пренел заразата, а последното интервју Шилегов го даде за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ каде што разговараше со водителот Миро Кацаров! Едниот со спуштена заштитна маска под брадата, другиот и без маска!

Во исто време, Миро е и портпарол на Либерално-демократската партија на Македонија, поради што веста дека градоначалникот на Скопје е позитивен на Ковид-19, предизвика паника и во продукцијата и во партијата и во „Бекстејџ“ и во ЛДП!

Како што пишува „Вистина.мк“, во меѓувреме, Кацаров се повлече во самоизолација, ама отиде и самиот да направи корона тест во познатата скопска приватна клиника. Поради тоа што резултатите не ги добивате веднаш, Миро и останатите во продукцијата и редакцијата на „Бекстејџ“, кои биле со него во контакт, како и оние од партијата чиј гласноговорник е, со неизвесност го исчекуваа резултатот од тестирањето.

Резултатите стигнале завчера, а вчера, среда 24 јуни, резултатот од корона-тестот на Миро Кацаров и јавно го објави уредничката на естрадниот ТВ магазин „од зад сцената“ Ева Јакимовска.

Брзо по неа, веста за негативниот тест ја сподели и самиот Кацаров, кој соопшти колку е тешка неизвесноста што ја носи чекањето резултати од направенито корона-тест.

Другари и другарки,минатата недела моето последно интервју во Бекстејџ беше со градоначалникот Петре Шилегов. Откако јавно соопшти во саботата градоначалникот дека е позитивен на вирусот Ковид-19, самоволно и самоиницијативно се повлеков во самоизолација која е една од најдобрите мерки за заштита на популацијата од дополнителни ширење на коронавирусот. Со тоа ги заштитив првенствено моите родители, роднини,другари и пријатели и сите кои можеа наредните денови да бидат во мое друштво и присуство. Уште истиот ден се консултирав со мојот пријател и еден од најдобрите доктори,професорот Никола Пановски кој ми даде одлични совети како да постапам и кога да се тестирам.  Анализата за мене покажа дека осмиот ден од контактот со градоначалникот би бил најпогоден за тест и да биде релевантен истиот, па тоа и го напраив, бев и се тестирав, притоа без никакви симтоми.
Вчера вечер ми стигнаа резултатите кои и јавно ќе ги соопштам дека сум НЕГАТИВЕН на вирусот Ковид-19.

Се извинувам на сите кои беа во мое опкружување до пред информацијата да ја објави јавно градоначанилникот и беа малку уплашени, но ете вирусот за среќа не е пренесен на никој. Со ова уште еднаш се докажува дека ова зло е меѓу нас и се повеќе ќе имаме контакт со луѓе кои го имаат или го прележале.

 

На никој не му посакувам дома да седи и да чека резултати дали има коронавирус или не, чуството е грозно, мозокот ти мисли на све и сешто, на тв и на ФБ само за тоа се збори, а ти си немоќен во затворен простор. Или по сликовито, ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли ова е тест дали си болен или не од корона?“ – напишаКацаров.