Студе и снег го оковаа североисточниот дел на Кина. Властите издадоа предупредување за рекордно ниски температури.
Само за две деноноќија температурата падна просечно за 15 степени, а во селото Лу-ху беа измерени -40 степени. Исклучително ниските температури создадоа хаос во сообраќајот.
Но, тоа не беше причина некои Кинези да не се одлучат и за малку забава. Тие фрлале вода во воздухот и гледале како таа се замрзнува за само неколку секунди.