Српската полиција ја уапси пејачката Северина (47), пренесува „Блиц“.
Северина била во БМВ со регистарските таблички од Загреб кога била запрена околу 21 часот во Белград во близина на Трговскиот центар „Оков“ на улицата „Партизанска“.
Полицијата наскоро по проверката открила дека сплитската пејачка нема дозвола да се движи за време на полицискиот час, што е утврдено заради пандемијата на корона вирус.
Потоа, таа била однесена во полициска станица од каде протв нејзе ќе биде покренато обвинение, пренесуваат медиумите од соседството.
Инаку, пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ престојуваат кај неговите родители во Белград, каде пристигнала да го види својот син Александар, кој живее со неговиот татко, Милан Поповиќ.