На насловната страница на српски „Телеграф“ осамна шокантен наслов дека пејачката Северина Којиќ се обидела да го убие таткто на нејзиниот дете, Милан Поповиќ и дека полицијата го истражува нападот.
Севе веднаш се огласи на својот Инстаграм и кажа дека Поповиќ сака да го оцрни она што од хрватските институции не го добил она што го сака. Нагласи дека не е убиец, туку само мајка и само Северина, а нејзината објава предизвика бурни рекции.
Во судската борба за своето дете, од неговиот татко добив, покрај досега разни епитети и поставени „дијагнози“ и неслужбен статус на „убиец“ во обид на таткото на детето. Причината е едноставна… Таткото не успеа да добие веднаш и сега она што го зацртал од надлежните хрватски институции вклучени во постапката, па незадоволен и лут по вчерашното судење „пушти“ во јавност вест за обид за убиство од моја страна и тоа со помош на мојот сопруг Игор. Да не беше жално, ќе беше трагикомично со што се служат поединци во борбата на суд, а се без интересот кон своето дете, и да границите на „ферл плеј“ и интерес ги нема, туку цел за тотално мое уништување како мајка и јавна личност. Секому е јасно дека тоа е платен оглас и дека ако треба мајката ќе биде прогласена за убиец. Не сум убиец и нема да бидам, јас сум само Северина која не се лути на наведените поединци, бидејќи не се тие криви што составот не им функционира и дозволува да прават што сакаат со помош на пари… нема да поднесам тужба поради наведениот платен „оглас“ во медиумот, бидејќи секому е јасно каква личност тоа може да го прави и тоа на своето дете, а јас и понатаму ќе бидам мајка на своето дете и само Северина. Како што вели една песна „далеко му куќа..“, вели пејачката на Инстаграм.