Магазин 30. мај 2020. / 23:17

Серија А ќе продолжи на 20 јуни, ќе се игра секој ден

Серија А ќе продолжи на 20 јуни, ќе се игра секој ден

Серија А ќе продолжи на 20 јуни, а идејата која ја имаат челниците е натпреварите да се играат секој ден и тоа во седум различни термини.

Како што јавуваат италијанските медиуми, натпреварите ќе бидат поделени така што сите телевизиски компании, но клубови да бидат среќни.

Исто така, ќе мора да се избегнат натпреварите во раното попладне, бидејќи асоцијацијата на фудбалери одби да се игра на високи температури.

Со цел да се заврши сезоната до 2. август, ќе мора да се играат натпревари секој ден, што за љубителите на фудбалот ќе биде одлично.

Останува да се види дали ова ќе се оствари и какви термини ќе направат луѓето задолжени за распоредот во Серија А.