Магазин 07. јануари 2021. / 11:27

Семејството Малдини одигра 1000 натпревари за Милан во италијанскиот шампионат

Семејството Малдини одигра 1000 натпревари за Милан во италијанскиот шампионат

Напаѓачот на Милан, Даниел Малдини влезе како замена во 81. минута на синоќешниот натпреварот од 16. коло на италијанскиот шампионат против Јувентус (1:3). За 19-годишниот напаѓач ова е само шести натпревар за „росонерите“.

Сепак, тој му го донесе 1000. меч на семејството Малдини за Милан во Серија А.

За потсетување, неговиот татко Паоло Малдини и дедото Чезаре Малдини играа исто така за Милан.

Педесет и двегодишниот Паоло Малдини во моментов е спортски директор на Милан.

Чезаре Малдини почина во 2016 година на 84-годишна возраст.

Да потсетиме, тука е и Кристијан Малдини. Тој има 24 години и исто така е „дете“ на Милан, но игра за клубот Про Сесто.