Магазин 18. ноември 2020. / 23:10

Сексот после прележана корона не смее да трае подолго од 10 минути, тврди познат спрски кардиохирург

Сексот после прележана корона не смее да трае подолго од 10 минути, тврди познат спрски кардиохирург

Пациентите кои прележале коронавирус не треба да водат љубов најмалку еден месец по опоравувањето од инфекцијата, предупредуваат експертите!

Покрај тоа, односот не треба да биде жесток и не треба да трае подолго од десет минути, бидејќи во спротивно може значително да ја влоши состојбтаа и да доведе до сериозни срцеви заболувања, па дури и до смрт, пренесува српскиот портал Информер.

Поради сето ова, експертите советуваат да се користат помалку напорни пози.

Српскиот кардиохирург проф. Д-р Миjко Ристиќ објаснува дека Ковид-19, во зависност од сериозноста на клиничката слика, остава разни последици врз организмот, а една од најзагрозените групи се срцевите пациенти и луѓе со висок крвен притисок, така што предвремената активност и возбуда, како и други физички напори може само да ја влошат состојбата на пациентот.

– Без оглед на степенот на оштетување на срцето и сериозноста на клиничката слика на короната, пациентот не треба да има сексуални односи најмалку четири недели по инфекцијата. Сексуалниот однос не треба да биде напорен и не треба да трае подолго од 10 минути. Со текот на времето, како што напредува закрепнувањето, враќањето кон сексуалната активност може исто така да го подобри здравјето на пациентот, но тој мора да биде трпелив. Значи, прво закрепнување, па потоа водење љубов, вели Ристиќ.

Ристиќ е редовен професор на Медицинскиот факултет во Белград и предавач по покана на повеќе светски универзитети. Има извршено повеќе од 15.000 операции. Автор е на повеќе книги и научни трудови. Во моментов е координатор за развој на кардиохирургија во Србија.