Магазин 16. јули 2020. / 14:51

Се заразив од шише без капаче кое колегата ми го отвори – Билјана предупредува на максимално внимание

Се заразив од шише без капаче кое колегата ми го отвори – Билјана предупредува на максимално внимание

После потврдата на сознанието дека корона вирусот може да се пренесе и преку воздух, со најобично дишење, а не само кашлање, кивање, гласно зборување или пеење, станува појасно зошто толку луѓе во светот станаа позитивни.

Сега веќе не е прашање дали, туку обврската за носење маски треба и мора да биде задолжителна. Не треба веќе никој да не тера, да ни прети со казни или санкции. Мораме сите да сфатиме дека носењето маска, ќе не заштити нас, нашите најблиски, но и околината во која се движиме.

Ова ќе биде наше секојдневие во следниот период, додека не се пронајде вакцина, или ефикасен лек кој ќе може да обезбеди заздравување од вирусот.

Познатата српска писателка и професорка Билјана Србљановиќ, во отворена програма на една српска телевизија пред повеќе од два месеци, објасни како се заразила со корона вирусот.

Ние ова сведочење веќе еднаш го имаме објавено, но вреди да се прочита уште еднаш, бидејќи мора да се внимава и на најмали ситници во секојдневието, бидејќи и најмало невнимание може да биде кобно.

Јас евтино поминав, се лекував дома и се провлеков добро. Првиот пост дека сум заразена јас го објавив со голем гнев. Не ги послушав препораките на докторот Несторовиќ да го прифатам вирусот сериозно.

Работам со млади луѓе и морав потоа сите нив да ги убедувам дека вирусот не е смешен и дека е многу опасен. А претходно ние мислевме дека сме отпорни на короната и дека таа не ни може ништо – вели Билјана и додава:

Одевме за Нови Сад, требаше да се прави споменик на Зоран Ѓинѓиќ. Застанавме на една бензинска пумпа колегата и јас. Купив шише вода и му го дадов да ми го отвори. Јас имав ракавици, тој не.

Го отвори со голи раце и ми го даде без капаче. После тоа тој доби висока температура. Ова го анализирав, и според мене, тоа е единствениот момент кога можев да се заразам – изјави Србљановиќ. Таа ги објасни и симптомите на болеста.

Првите три дена ми беа како во магла, имав само температура која се покачуваше, па се стабилизираше. Ја следев состојбата на мојот колега со кој патував за Нови Сад и кој после тоа беше 15 дена во кома.

Кога него му се влошуваше состојбата, ми се покачуваше и мене температурата, но на никого не му пријавив. Психички оздравев дури кога него го симнаа од респиратор и го разбудија од кома, тогаш плачев и ми беше многу полесно – објасно Билјана Србљановиќ.