Магазин 21. мај 2019. / 18:38

Се враќа невремето во Македонија: Пороен дожд и силен ветер

Се враќа невремето во Македонија: Пороен дожд и силен ветер

До крајот на денов во планинските места ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи а има услови и за редок град а слична ќе биде ситуацијата и во текот на утрешниот ден а максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени додека најтопло ќе биде пак во четврток со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Веќе во четврток попладне и навечер атмосферата ќе започне на повеќе места да се дестабилизира и тоа под повторно влијание на Андреа па така на повеќе места се очекува пороен дожд, грежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста за невреме со град, силен ветер и електрични празнења. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон петок и во петок кога локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Поради спуштање на посвежа воздушна маса од север во петок ќе дува северен ветер кој локално ќе биде засилен по интензитет и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот за пет до шест степени и истите во петок ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Повторен пораст на температурите ќе имаме за време на викендот но и понатаму ќе има услови за локална нестабилност. Повторно поголеми услови за нестабилност ќе има во текот на следната недела што значи влијанието на АНДРЕА според најновите направени анализи ќе продолжи и во текот на следната недел