Магазин 06. февруари 2019. / 20:29

Се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево

Се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево

Од 19:20 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правца, информираат од ЈП Македонија пат.

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна незгода, од 17:45 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Дреново-Јаболчиште.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правци порано вечерва беше воведена поради обилни врнежи од снег и засилен ветер.