Снимањето на второто продолжение на филмот „Аватар“ официјално продолжи, пренесува Скринрант. Продуцентот на филмот Џон Ландау ја сподели првата фотографија од сетот и со тоа ги воодушеви фановите кои со нетрпение го чекаат новото продолжение.
Според информациите што ги пренесуваат странските медиуми, Камерон моментно снима четири продолженија напоредо. Третиот, четвртиот и петтиот дел од филмот “Аватар“ ќе бидат прикажани во декември 2023, 2025 и 2027 година.
Со оглед на фактот дека станува збор за филм кој користи многу специјални ефекти, скоро е невозможно да се заклучи нешто базирано на една фотографија што Ландау ја сподели на Инстаграм. Но, она што за сега е познато на јавноста е дека Кејт Винслет и Клиф Кертис ќе се приклучат на тимот во новото продолжение, и дека Зои Салдана и Сем Вортингтон ќе останат во приказната.
„Аватар 2“ премиерно треба да биде прикажан на 17 декември 2021 година.