Легендарниот српски тренер Синиша Михајловиќ и главниот уредник на тиражниот римски весник „Кориере дело спорт“, Иван Закарони кој откри дека Михајловиќ е болен се смирија.
Под наслов: „Состанокот кој го чекав…“, на насловната страница на „Кориере“ се појави текст кој информира за средба на двајцата долгогодишни пријатели кои изминатово лето прекинаа да комуницираат поради „предавството“ на Закарони кога во прашање беше болеста на Михајловиќ.
Најдобриот српски тренер за 2019 година, беше лут на својот пријател затоа што на насловната страница на „Кориере“ во јули оваа година ја објави веста за леукемијата на Синиша, а пред Србинот сето тоа да го објави на официјална прес-конференција.