Јуниорската светска шампионка во уметничко лизгање, Екатерина Александровскаја (20), која неколку години се натпреваруваше за Австралија, е пронајдена мртва во Москва, а според првичните сознанија на полициската истрага, станува збор за самоубиство.
Во изјава за агенцијата „Тас ес“, неименуван извор во полицијата изјавил дека телото на Александровскаја било пронајдено во близина на нејзината куќа во руската престолнина, и дека, поради телесната повреда што ја претрпела, спортистката се обидела да си го одземе животот.
Дваесетгодишната спортистка е поранешна членка на руската репрезентација која се натпреваруваше под австралиското знаме од 2016 година, со што ја освои светската јуниорска титула во 2017 година, заедно со нејзиниот австралиски колега Харли Виндзор.
Како што пишува „Тас ес“, двајцата исто така ја освоиле и јуниорската Гран-при титула истата година, а двапати триумфираа на првенството во Австралија – во 2017 и 2019 година.
Извор: sport1.mk