Магазин 20. август 2020. / 22:56

Се разведуваат Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас

Се разведуваат Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас наводно се разведуваат поради големата разлика во годините, пренесуваат странските медиуми.

Двајцата се во брак веќе 20 години, а се шпекулира дека Мајкл смета дека и станал досаден на  неговата сопруга.

„Љубовта што ја чувствуваа еден кон друг со години се чини дека веќе не е доволна за бракот да преживее. Главната причина за несогласувањето, предизвикано од возраста, е тоа што актерот дошол во фаза во својот живот кога наводно сакал да се смири ида го забави темпото на живот. „Од друга страна Кетрин, која е помлада 25, сè уште има многу сили и ја гради својата филмска кариера многу амбициозно“, вели изворот.