Националниот парк „Маврово“ е најголемото заштитено подрачје по површина во Република Македонија и годинава одбележува седум децении од добивањето на тој статус. По тој повод првиот човек на оваа институција Самир Ајдини за МИА, зборува за актуелната состојба, предизвиците и плановите на менаџментот поврзани со заштитата на природното богатство и развојот.
Ајдини вели дека Националниот парк „Маврово“ нуди повеќе содржини што се интересни преку целата година. На територија на паркот се наоѓаат убави и значајни места, локалитети и културно-историски споменици. Споре него се зголемува и потребата од развој и воведување нови алатки за привлекување гости, преку интернет и социјалните мрежи.
Сметам дека тоа е она кон кое треба да се стремиме. Ние веќе разработуваме идеи за воведување тури за набљудување диви животни или таканаречено фотосафари. Претходно соработувавме со една агенција со која реализиравме неколку вакви тури за набљудување мечка и тие поминаа доста успешно. Исто така, дел од вработените добија обука за водење вакви тури, но и обука од програмата „leave no trace“. Планираме изградба на неколку набљудувачници и засолништа. Дел од опремата предвидена за ваков вид активности ја имаме, располагаме и со доволен број возила, но неопходно е да се набави и дополнителна опрема. Сето ова очекуваме да се реализира и со помош на финансиски средства обезбедени од проекти. Иако сме на почеток, сметам дека оваа идеја наскоро ќе прерасне во понуда од која корист ќе имаат и локалните бизниси, вели Ајдини.
Целото интервју можд да го прочитате на овој линк.