Магазин 27. септември 2020. / 22:17

Се разбудила од деветмесечна кома слушајќи го гласот на нејзиниот идол Тоти

Се разбудила од деветмесечна кома слушајќи го гласот на нејзиниот идол Тоти

Љубовта кон фудбалот, особено кон нејзиниот идол Франческо Тоти, и помогнале на младата девојка Илениа да се разбуди од 9-месечна кома. Девојката од декември, минатата година по тешка сообраќајна незгода паднала во кома. Како верен фан на ФК „Рома“ и голем обожавател на фудбалерот Тоти, играчите ја знаеле Илениа и кога слушнале за нејзината сообраќајка и исходот од неа, снимиле видео порака. Специјална порака за поддршка за својот обожавател снимил и Тоти. По девет месеци се случило чудо.

Оваа приказна на својот фејсбук профил ја сподели групата „Genius footbal“, приказна кој никого не остава рамнодушен: „Илениа Матили (19) е млад фан на фудбалскиот клуб „Рома“, која беше во кома од сообраќајна несреќа во декември. После 9 месеци во кома, нејзините родители објавија дека таа се разбудила слушајќи видео порака испратена од нејзиниот идол Франческо Тоти! „Илениа не се предавај, ти ќе успееш, сите сме со тебе“, е видео пораката на Тоти. Младата Илениа се разбудила слушајќи го гласот на Тоти, велат нејзините родители и му се заблагодарија на Тоти: „Вашиот фантастичен глас, во комбинација со страста, љубовта што Илениа секогаш ја имала кон „Рома“, го поттикна нејзиното будење и враќање на нејзината заразна насмевка“. Каква приказна. Фудбалот е повеќе од обична игра“.