Магазин 07. септември 2020. / 09:10

Се одржа третото издание на велосипедската тура околу Калиманско езеро

Се одржа третото издание на велосипедската тура околу Калиманско езеро

Во Македонска Каменица заврши уште едно издание на велосипедската тура околу Калиманско езеро. Турата, како што информираше Горан Ристовски еден од организаторите, се организира трет пат, а учествуваа околу педесетина велосипедисти од повеќе градови во државата.

 И оваа година настанот го организиравме со поддршка на општина М.Каменица и спонзорот Палмас. Турата беше долга 46 километри и истата ја поминаа сите учесници кои ги имаше од градовите Штип, Крива Паланка, Берово, Виница, Кочани и други, рече Ристовски.

Целиот настан, како што додаде, помина во знакот на почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 и почитување на протоколите за настани од ваков калибар.

Организаторите изразија благодарност за ангажманот на поголем број на волонтери како и логистичката поддршка од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.