Kонзорциумот од Саудиска Арабија, што е под конторла на саудискиот принц, се повлече од преговорите и намерата да го купи англискиот клуб.
По четири месеци Саудијците решија да се повлечат, иако беа подсготвени да го купат клубот за 300 милиони фунти. По таквата одлула, сегашниот сопственик, Мајк Ешли, останува на чело на премиерлигашот.
Принцот Мохамед бин Салман сакаше да го купи Њукасл и да вложи оромна сума во тој клуб, односно да направи дрим-тим со кој ќе се искачи на врвот во Англија и Европа.
Сепак, Премиер лигата три месеци не даде зелено светло за комплетирање на продажбата, па Саудијците се откажаа од намерата иако имаа депонирано 17 милиони како капар.