Данил Шишкарев е еден од играчите кои со сигурност го одигра својот последен натпревар за Вардар, меѓутоа сè уште е во Скопје. Јасни му се новите случувања за Вардар, па во интервју за руски „Брз центар“ соопшти што да се очекува во однос на долговите од сопственикот кој наскоро ќе биде екс, Сергеј Самсоненко.
Шишкарев го потврди она што се зборуваше уште во февруари, дека играчите ќе добијат нотарски заверени гаранции дека ќе им бидат исплатени сите долгови. Само што сега постави временска на тоа сценарио.
„Ни дадоа договори заверени на нотар, според кои долговите ќе ни бидат исплатени до крајот на 2020 година. Ова е краен рок, иако може да се случи и порано“, вели руското десно крило без многу загриженост во зборовите.
Комплетното интервју со Шишкарев можете да го погледнете на овој линк.