Магазин 05. февруари 2020. / 18:39

Самсоненко останува во Вардар!

Самсоненко останува во Вардар!

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, имаше состанок со управата и фудбалерите на најтрофејниот клуб на кој било соопштено дека тој останува меѓу „црвено-црните“ и дека ќе продолжи да биде дел од колективот.

Иако се има наталожени долгови, сепак, најавено е дека истите ќе се средат. Нема јасни рокови кога се ќе биде исплатено, но Самсоненко на средбата најавил дека останува во фудбалскиот клуб и понатаму и дека ќе се вложи максимален напор сите да бидат расчистени и задоволни.

Сличен е ставот и на фудбалерите, кои, сигурно ќе останат во ист состав и заедно со стручниот штаб предводен од Александар Васоски ќе ја напаѓаат титулата, цел на клубот поставена по добрите резултати во есента. Вардар е лидер во ПМФЛ, има добра предност од осум бода во однос на Шкендија, па доаѓа интересна пролет.

Јасно е дека ќе се вложат сите напори, за Вардар да ги расчисти долговите и да се добие евро-лиценцата, која лани „избега“ поради недоволни финансиски гаранции.

Вардар продолжува со подготовките во Скопје, а во првото пролетно коло игра со Македонија ЃП.