Откако неколку поранешни ракометари на актуелниот европски првак Вардар јаво порачаа дека им се должат неколку плати, сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко за „Фокус“ даде ветување и „ветер во грб“.
Јас ја превземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе, порача Самсоненко.
Запрашан за изјавата на Панчев, Самсоненко само кратко одговори:
Изјавата на Дарко Панчев не ја имам прочитано и сметам дека јас не сум тој кој што би требал да ја коментира. За ова би требало да се обратите кај него, додаде рускиот бизнисмен.
Целиот текст на Фокус можете да го прочитате ТУКА.