Претседателот на Вардар славеше заедно со ракометарите во хотелот „Радисон Блу“ во Келн, а потоа им се обрати и на симпатизерите. Сергеј не сакаше да зборува за иднината на клубот, иако испрати многу попозитивни најави од оние пред натпреварот со ПИК Сегед во април годинава.
Зошто сите зборуваат за некој крај? Зошто мислите дека ја знаете ситуацијата? Тоа се само разговори, шпекулации. Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Можевме да освоиме и три од три трофеи. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Еве го Филип Лазаров е тука, одамна не е во клубот, но ме познава. Јас секогаш верувам во титули.
Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме. Некои велат дека чувството за оваа втора титула е посебно, но мене искрено да ви кажам, ми е исто како пред две години.
Тешко е да се одржи клубот. Јас толку години инвестирав, но ми треба помош. Пред една година зборував и за ФК Вардар. Сега не би сакал повеќе на таа тема, имаме перфектна причина за радост, рече Самсоненко за Гол.мк.
Целото интервју на Gol.mk може да го видите ТУКА.