Магазин 11. август 2019. / 21:13

Сакал Јагуар, а за подарок добил BMW и од револт го фрлил BMW-то во река

Сакал Јагуар, а за подарок добил BMW и од револт го фрлил BMW-то во река

Неименуван Индиец бил толку разочаран од автомобилот кој го добил како роденденски подарок од својот татко па се одлучил на радикален начин да го покаже своето незадоволство.

Младичот од својот татко добил автомобил „бемве“ вреден 49.000 долари, ама сакал „јагуар“ кој чини многу повеќе.

Тој бил толку разочаран и лут па го турнал новиот автомобил во реката што се наоѓа во северната индиска држава Харјанa, пренесоа светските медиуми.

Полицијата покренала истрага за целиот случај

Кога младичот го турнал возилото во реката, тој исто така направил снимна која самиот ја објавил на социјалните мрежи, изјавил полициски службеник за IANS.

Видеото постирано на социјалните го прикажува скапиот роденденски подарок како отпловува надолу по реката. Подоцна се дозна дека автомобилот се заглавил на брег со висока трева, како и дека младичот подоцна се обидел да го извади автомобилот од реката со помош на локални возачи.