Руски војник , нападнат од голема мечка , додека бил на плажа на Курилските Острови , починал по девет дена од нападот , пренесуваат руските медиуми.
Алексеј Ивановски бил буквално изглодан, животното го скалпирало, му ја раскинало кожата на грбот и задникот, му го отсекла увото, а едната нога морала да му биде ампутирана веднаш по нападот, поради страшните повреди.
Ивановски бил клинички мртов по нападот, но брзата помош успеала да го оживее. Тој бил пренесен во болница во градот Јужносахалинск, но подоцна доживеал срцев удар и не може да биде спасен.
Трагедијата се случила додека тој собирал ракови со своите пријатели. Биле опкружени со група кафеави мечки со кои имало и младенчиња.
Постарата мечка, која јасно ги бранела младенчињата, жестоко го нападна војникот, му ја дерела кожата и се обидуваше да го одвлече.
Пријателите на несреќниот човек се обидоа да ја запрат и ја гаѓале со камења.
37-годишнен пријател на Алексеј е исто така повреден обидувајќи се да го спаси, но за среќа, само полесно.
На крајот, еден од пријателите се сетил како да ја избрка мечката , влегол во автомобилот и тргнал кон неа со вклучени фарови. Сепак , за Алексеј било предоцна.