Руска медицинска сестра која стана сензација откако се сликаше како носи долна облека под заштитната наметка, стана ТВ презентер.
Надија Жукова (23) била забележана на одделение за каде што се третира коронавирусот, облечена во долна облека од транспарентно заштитно одело, додека на пациентите им давала лек.
Таа се пожали дека и било „премногу жешко“ во заштитната облека и првично била дисциплинирана но казната била повлечена .
Блискиот политички соработник на Владимир Путин, исто така ја поддржa Жукова откако нејзините слики го обиколија светот..
Сега на Надиа и е понудена работа како метео девојка во локалната ТВ станица во Тула.
Претходно и беше понудена работа како модел за руски спортски бренд за облека, но таа инсистира на тоа дека ништо нема да ја одврати од кариера во медицината.
„За мене е голема работа. Ви благодарам што ми дозволивте да се обидам. Моите родители ќе гледаат, во вечерните часови, по работа “, рече Надиа.