Забраната за движење за заштита од Ковид-19 не им се допадна на граѓаните на Албанија, но значително се зголеми бројот на фламинга и други птици во лагуна долж Јадранското Море
Локалните власти и жителите велат дека сега има околу 3.000 фламинга во лагуната Нарта, важно живеалиште на водни птици, каде што долго време отсуствувало враќањето на фламинго. Набљудувачите на птици, исто така, забележале повеќе пеликани, чапји и други видови птици во лагуната од 28 квадратни километри на 145 километри од Тирана.
Намалената активност на луѓето заради забраните за време на пандемијата на коронавирусот е објаснување за пристигнувањето на птиците во лагуната. Тие најдоа храна и мир, а тоа веројатно помогна да се зголеми нивниот број, смета регионалниот експерт за биолошка разновидност, Незип Хисолокај.
Член на локалната група за комерцијален риболов во лагуната Нарта, Димитар Кономи, вели дека областа е полна со птици, богатство што може да го поттикне туризмот.
Сепак, Хисолокај не смета дека би било добро да се привлечат туристи масовно во лагуната, која е дел од заштитеното подрачје со терен на песочни дини, мочуришта, острови и достапни морски брегови, што одговара на разновидната фауна и птици.
Хисолокај ја опишува лагуната како „белите дробови на Валона“, најблискиот град.