Кристијано Роналдо е еден од најголемите фудбалери во историјата на фудбалот, заедно со Лионел Меси, кои доминираа во последните години, а таа доминација продолжува и сезонава со нивните одлични настапи, но на тоа еден ден ќе му дојде крајот.
Роналдо е свесен за тоа, па вели дека годините си поминуваат и наскоро ќе треба некој да ги наследи нивните места, односно неговото и на неговиот најголем ривал Меси.
Португалецот избра шест фудбалери кои би можеле да станат најдобри во свет во наредните години, а нивните имиња се Марко Асенсио, Нејмар, Килијан Мбапе, Осман Дембеле, Еден Азар и Маркус Рашфорд.