Во општиот метеж околу коронавирусот, златарница во Лас Вегас го привлече вниманието со необична понуда.
Златарницата „Џеред“ продава ролна тоалетна хартија за 3.999 долари, а за да ја зачини понудата како подарок нуди свршенички дијамантски прстен.
Понудата не е толку лоша, имајќи предвид дека еднокаратен дијамантски прстен чини повеќе и дека во просек тоалетна хартија може да трае до пет дена, пренесе „Њуз“.
Во Лас Вегас, продавниците „Costco“ и „Target“ применуваат ограничувања во продажбата на тоалетна хартија, санитарни и крпи од хартија.