Легендарната музичка група „Ролингстонс“ денеска ќе учествуваат на добротворниот концерт насловен „Еден свет – заедно дома“, на кој ќе учествуваат и музичари како Пол Макартни, Стиви Вондер, Елтон Џон и другите светски рок ѕвезди, соопшти сајтот „Ултимејт Класик Рок“ (Ultimate Classic Rock).
Преносот на овој настан почнува денеска во 14 часот на социјалните мрежи и преку лајф платформа, а заработката е наменета за напорите на организацијата „Граѓани на светот“ (Global Citizens) да им се даде поддршка на здравствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови против пандемијата и на Светската здравствена органазиција.