Шампионот на Македонија, Вардар со една нога е во четвртфинале од Лигата на шампиони откако вечерва славше на гостувањето кај Загреб со убедливи 18-27.
„Црвено-црните“ покажа моќ на гостувањето кај ППД Загреб, водеа од првата до последната минута и на крајот триумфираа со високи плус девет.
Избраниците на Парондо го отворија мечот со 0-3, и продолжија да го „толчат“ противникот, кој немаше решение за играта на Вардар и во првите 30 минути постигна само 6 погодоци. Шампионот на Македонија реализираше 14, и на пауза замина со +8.
Вардар не ја тргна ногата од педалата за гас и во вториот дел, па предноста продолжуваше да расте и во 50-та минута од мечот стана двоцифрена (15-25).
Гостите се одлепија и на +11, но последните минути од мечот им припаднаа на домаќините, Загреб даде неколку гола во серија па конечниот резултат гласеше 18-27.
Криштопанс и Карачиќ реализираа по пет гола, Мораеш постигна четири а одличен на голот беше Милосављев со 14 одбрани.
Иако со една нога веќе е во четвртфинале, Вардар ќе треба да го чекира билетот пред својата публика, мечот во „Јане Сандански“ се игра на 30. март.