Магазин 01. јули 2019. / 16:26

РК Вардар го потврди трансферот на бразилскиот бомбардер Толедо!

РК Вардар го потврди трансферот на бразилскиот бомбардер Толедо!

Бразилскиот репрезентативец Хозе Толедо е најновото засилување за македонскиот и европски шампион Вардар.Денеска на официјалната веб-страна беше потврден трансферот на Бразилецот Хозе Толедо, кој ќе му прави друштво на Даинис Криштопанс на десната бековска позиција. Толедо во претходните две сезони беше член на Висла, висок е 193 см, додека во кариерата има освоено златен и сребрен медал на Пан Американските игри.

Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме подобра бековска линија во Вардар. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата и да ни покаже дека сме направиле одличен избор со неговото ангажирање, изјавија од Вардар.