Филмот „Џокер“ ги руши сите рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс ги израдува фановите со изјавата дека би вредело да се сними продолжение.
Иако во моментов не работат на тоа, тој, како што кажа, би прифатил само доколку во главната улога повторно би се појавил маестралниот Хоакин Феникс.
– Филмот не би бил само за „Принцот на криминалот“. Би морало да има некаква тематска резонанца на сличен начин како што има првиот филм. Толку филмови ја споменуваат искрата, но Џокер беше барут. Доколку бидеме во состојба повторно да го направиме сето ова, тоа би било многу интересно, изјави Филипс.
„Џокер“ ја прејде заработката од една милјарда долари и е трет најголем ДЦ филм за стрип јунаци – негативци после „Подемот на црниот витез“ кој заработи 1,084 милијарди долари и „Аквамен“ кој направи заработка од 1,140 милијарди долари.