Во цела Европа температурите во цела европа беа над просекот. Годинава септември е најжешок месец во светот откако Европската служба за климатски промени во Коперник започна да го следи истиот во 1981 година, објави ДПА.
Септември оваа година е за 0,57 Целзиусови степени потопло од просечните температури во светот помеѓу 1981 и 2010 година, но исто толку е топло како септември 2016 година.
Во скоро цела Европа, температурите во септември беа над просечните. , а во многу делови на Стариот континент имаше помалку врнежи од нормалното. Највисоки од просечни температури се забележани во централниот и источниот дел на Соединетите држави, Монголија и некои области на Арктикот, пренесува БТА.